MKinformer

your daily dose of news

Слаб одѕив на повторените избори: Најмногу гласачи во Маврово и Ростуше

11/01/2026 12:43

го објави првиот пресек за излезеноста на повторените избори за градоначалник во четири општини, заклучно со 09:00 часот.

Според официјалните податоци, најголема излезеност е забележана во Маврово и Ростуше, каде што на гласачките места излегле 2,89 проценти од вкупно запишаните избирачи.

Најмал одѕив е евидентиран во Центар Жупа, каде што гласале само 0,75 проценти, односно 57 лица од вкупно 7.562 запишани гласачи.

Во Гостивар излезеноста изнесува 0,97 проценти, додека во Врапчиште на гласање излегле околу 1 процент од запишаните избирачи.

Денешното гласање се одржува затоа што на редовните локални избори во октомври не беше исполнет законскиот услов, односно цензус од 33,33 проценти излезеност од вкупниот број регистрирани гласачи во овие општини.

Изборниот процес се одвива мирно, без пријавени посериозни неправилности, а од ДИК најавуваат нови информации за излезеноста во текот на денот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!