Без вода повеќе улици во скопски Карпош поради уличен дефект
12/01/2026 12:06
Поради уличен дефект, денеска од 09:00 часот без вода се корисниците од повеќе улици во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинато е водоснабдувањето на улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, како и делови од улиците „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и „Багдатска“.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје посочуваат дека прекинот ќе трае до целосна санација на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано. Екипите се на терен и работат на отстранување на проблемот.



