Делови од Карпош денеска без вода поради техничка интервенција
03/02/2026 11:27
Поради промена на шибер, денеска од 9:30 часот без вода ќе останат корисниците на повеќе улици во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Како што соопштуваат надлежните, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улиците „Анкарска“, „Атинска“, „Њуделхиска“, „Бахар Мојс“, „Панче Пешев“, „Римска“ и „Наум Евро“.
Од ЈП Водовод и канализација наведуваат дека прекинот е поради неопходна техничка интервенција на водоводната мрежа, а водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршување на работните активности.
Граѓаните се повикуваат навремено да се снабдат со вода и да покажат разбирање додека траат зафатите.



