MKinformer

your daily dose of news

Лидерска средба во Клубот на пратеници, само Филипче ја одби поканата

14/01/2026 13:41

Во Клубот на пратениците денеска започна лидерската средба иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на средбата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ.

Од опозициските пратенички групи, на средбата се присутни лидерите на Левица и ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Едно празно столче беше оставено за лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој ја одби поканата и не присуствува на лидерската средба.

Лидерска средба во Клубот на пратениците: Неизвесно кој ќе седне на маса, СДСМ дефинитивно надвор

На состанокот се очекува да се разговара за реформските закони од областа на

  • правосудството,
  • изборот на народен правобранител,
  • измените на Изборниот законик,
  • како и за можноста за укинување на техничката влада.

Дел од учесниците најавуваат и отворање на други политички и институционални прашања од јавен интерес.

error: Содржината е заштитена од копирање !!