Ноќ на грабежи во Скопје: Ограбени две филијали на брзи кредити
18/01/2026 21:52
Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на изминатата ноќ, информираат од Министерство за внатрешни работи. Кражбите се случиле во краток временски интервал, на две различни локации во главниот град.
Првиот случај бил пријавен во 05:20 часот во СВР Скопје. Според пријавата, на подрачјето на Центар, сторителите насилно влегле во објект на финансиско друштво и одзеле сеф со пари.
Неполни 40 минути претходно, во 04:44 часот, бил пријавен и втор грабеж. Овојпат на подрачјето на Гази Баба, каде исто така било насилно влезено во објект на финансиско друштво, при што од сеф биле одземени пари.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на двата случаи, како и за идентификување и пронаоѓање на сторителите. Засега не се соопштува колкава е вкупната материјална штета.
Надлежните апелираат до правните субјекти да ги засилат мерките за физичко и техничко обезбедување, со цел спречување на вакви кривични дела.

![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)




