MKinformer

your daily dose of news

Крај за брзите кредити во кеш, пари само на сметка

12/06/2026 11:14

Зајакнување на регулативата за брзи кредити: Задолжителни внатрешни тела и укинување на готовински исплати

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти.

Што предвидуваат законските измени?

Според соопштението од Министерството, се работи на законски измени кои предвидуваат:

1. Задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво:

  • одбор за внатрешна ревизија

  • одбор за кредитен ризик

  • надзорен одбор и слично

2. Зајакнување на контролата при отворање на нови деловни простории

  • ќе биде потребна претходна согласност од Министерството за финансии

  • со утврдени критериуми за условите на работење

3. Зголемување на основната главнина на финансиските друштва

4. Укинување на исплатите во готовина

  • кредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка

  • цел: поголема следливост на финансиските текови и намалување на ризиците од злоупотреби

Што покажаа контролите во 2025?

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска веќе подолг период алармира дека контролите откриваат слабости и неправилности.

Во текот на 2025 година, при вршењето на надзорот:

  • изречени се 26 наредби

  • издадени се 4 прекршочни налози

  • одземена е една лиценца за работа на финансиско друштво

  • пристигнати се две пријави од граѓани за вознемирување при наплата на кредити (упатени до МВР)

Измамнички трговски практики

При надзорот, Министерството констатирало одредени измамнички трговски практики, меѓу кои:

  • рекламирање со нула проценти камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци

  • рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво кое ја нуди услугата

  • користење повеќе веб страни од страна на исто финансиско друштво

  • користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа

Надлежност за спорови

Од Министерството нагласуваат дека надлежност за разрешување на евентуални спорови помеѓу финансиските друштва и нивните клиенти имаат единствено надлежните судови во Северна Македонија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!