Макрон предлага проширен состанок на Г7 со Русија и Данска – се чека одговор од Трамп
20/01/2026 18:36
Франција предложи одржување на состанок на земјите од Г7, на кој би биле поканети и Русија и Данска, потег што предизвика изненадување кај меѓународната јавност. Предлогот бил испратен од францускиот претседател Емануел Макрон до американскиот претседател Доналд Трамп, со намера средбата да се одржи во четврток.
За голем број аналитичари ваквата иницијатива е неочекувана, особено ако се има предвид дека токму Франција пред неколку години беше меѓу земјите што најсилно инсистираа Русија да биде исфрлена од тогашната Г8, поради геополитичките тензии и нарушувањето на меѓународното право. Со тоа групата повторно се врати на форматот Г7.
Според дипломатски извори, сега се очекува одговор од Трамп дали ќе ја прифати иницијативата и дали ќе има состанок на водечките западни индустриски земји во Париз, по завршувањето на Светски економски форум во Давос.
Од опкружувањето на Макрон било соопштено дека Франција е решена овогодинешното претседателство со Г7 да го искористи како „корисен и конструктивен придонес кон дијалогот и меѓународната соработка“, во период на зголемени глобални тензии и геополитички предизвици.
Предлогот за вклучување на Русија и Данска се толкува и како обид за отворање нов канал за дипломатска комуникација, но и како сигнал за подготвеност на Париз да игра поактивна улога во глобалната политика.






