MKinformer

your daily dose of news

Апсење за поткуп во Гостивар: Вработен во суд нудел бришење казна за 100 евра

21/01/2026 13:03

Полициски службеници од Полициско одделение Ростуше синоќа околу 20 часот го лишиле од слобода А.Ј. (49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште. Според пријавеното, осомничениот А.Ј., вработен во Основен суд Гостивар, преку заеднички пријател од Гостивар понудил за сума од 100 евра да „среди“ бришење на судска казна од 200 евра и забрана за управување со моторно возило во траење од шест месеци.

Тој тврдел дека документите за извршување на казната пристигнале кај него и дека може да влијае врз постапката. По договор, Н.А. во име на својот пријател остварил средба со А.Ј. во угостителски објект во Гостивар.

За време на средбата, пријавителот го информирал осомничениот дека е новинар и дека разговорот се снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се работи за шега и се обидел да побегне, но бил брзо совладан и приведен од полициски службеници.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Од МВР најавуваат дека истрагата продолжува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!