MKinformer

your daily dose of news

Шилегов: Филипче носи лични одлуки, СДСМ ја губи позицијата на лидер на опозицијата

21/01/2026 21:47

Поранешниот градоначалник на Скопје тврди дека Филипче носи ставови без одлука на партиските тела и уверува дека со брза промена СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, продолжува со остри критики кон актуелното партиско раководство, оценувајќи дека одлуките на лидерот Венко Филипче се лични, недонесени од партиските тела и директно ја туркаат партијата во политичка изолација и губење на опозициското лидерство.

Шилегов оцени дека е спорна одлуката на Филипче да не учествува на лидерската средба, нагласувајќи дека таков став не бил усвоен од органите на партијата. Образложението дека „не седиме на маса со криминалци“ го нарече апсурдно и политички штетно.

Тој посочи дека ниту за проектот „Безбеден град“ постои одлука на партиските тела, и дека јавните настапи на Филипче против овој систем не се официјален став на СДСМ, туку негово лично мислење. Според Шилегов, ваквото однесување создава конфузија, пасивизација и дополнително слабеење на партијата.

– Поразително е СДСМ да има мнозинско опозициско расположение во јавноста, а да се бори со ДУИ и Левица за второ или трето место, наместо да биде лидер на опозицијата – истакна Шилегов.

Тој уверува дека со брза промена на раководството и јасна политичка стратегија, СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

Шлегов најавува преполовување на пратеничката група на СДСМ и внатрепартиски отпор

Во однос на нападите дека „одработува за ВМРО-ДПМНЕ“, Шилегов ги оцени како обиди за лична дискредитација, поради недостаток на аргументи од страна на раководството.

– Кога немаат што да одговорат на тезите, измислуваат лаги и навреди. Тоа само покажува немоќ – рече тој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!