Невреме ја зафаќа Македонија: Дожд, снег и обилни врнежи во југоистокот
31/01/2026 15:03
Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре низ државата се очекуваат повремени врнежи од дожд, додека на планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи се прогнозираат во југоисточните делови од земјата, каде локално ќе наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар.
Поради продор на постудена воздушна маса од север, во повисоките места, како и во дел од пониските подрачја, дождот ќе премине во снег, што може да создаде зимски услови на патиштата.
Во Скопје во текот на ноќта и утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните планини се очекува мешавина од дожд и снег. Надлежните апелираат на внимателност, особено при сообраќај и престој на планинските предели.




