MKinformer

your daily dose of news

Тошковски на Пониква: Жртвата на загинатите бранители е аманет што државата нема да го заборави

31/01/2026 16:31

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети зимското одморалиште на Министерство за внатрешни работи на Пониква, каде традиционално во овој период престојуваат децата и семејствата на загинатите бранители.

Во рамки на посетата, министерот имаше заеднички ручек со присутните, при што истакна дека државата има јасна морална и институционална обврска кон овие семејства.

„Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи и синови во одбрана на татковината. Таа жртва не смее и нема да биде заборавена“, порача Тошковски.

Тој нагласи дека грижата за семејствата на загинатите бранители претставува аманет и трајна обврска на институциите, кои, како што рече, мора секогаш да бидат покрај нив, да обезбедуваат поддршка и навремено да одговараат на нивните потреби во рамките на своите надлежности.

Посетата е дел од континуираните активности на МВР насочени кон оддавање почит и поддршка на семејствата кои ја поднеле најголемата жртва за државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!