Девојка од Гостивар натепала полицаец во Скопје
02/02/2026 11:32
Млада жена од Гостивар е лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник во Скопје, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Според официјалното соопштение, на 1 февруари 2026 година околу 00:20 часот, на подрачјето на општина Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Б. (25) од Гостивар.
Како што наведуваат од МВР, таа е приведена поради сомнение дека физички нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи. Инцидентот се случил во ноќните часови, а по интервенцијата, осомничената е приведена во полициска станица.
Од Министерството додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.





