Го натепала сопругот од кого се разведува, па била лишена од слобода
10/07/2026 15:43
Жена од Гостивар била лишена од слобода откако нејзиниот сопруг пријавил дека физички го нападнала.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен денеска по полноќ, во 01:20 часот, во Полициската станица Гостивар.
Напад во дворот од семејната куќа
Пријавата ја поднел 41-годишен жител на Гостивар.
Тој пријавил дека бил физички нападнат во дворот од семејната куќа од неговата 37-годишна сопруга.
Според информациите, двајцата се во процес на бракоразводна постапка.
Жената лишена од слобода
По пријавата, жената била лишена од слобода.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


![Насилник од Тетово ѝ се заканувал на сопругата и ќерката semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)


