Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нов Ген-сек го назначи Драган Ковачки
07/02/2026 12:13
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синојка го претстави новиот состав на Извршниот комитет на партијата, како и новиот генерален секретар.
На синоћешната седница на Централниот комитет, како што информираше Мицкоски, биле донесени важни одлуки со цел создавање силна, ефикасна и обединета организација, подготвена да одговори на потребите на граѓаните.
„Нашата цел е модерна и функционална партија, отворена за нови идеи и кадри, со фокус на транспарентност, инклузивност и подобрување на организацијата“, изјави Мицкоски пред медиумите.
За нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки. Новиот Извршен комитет е составен од комбинација на искусни партиски функционери и нови членови, меѓу кои: Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Рашела Мизхархи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николоски.
Дополнително, дел од Извршниот комитет ќе бидат и новоизбраните претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани, како и организацискиот секретар Ивица Томовски и шефот на кабинетот Владимир Нелоски.
Мицкоски најави дека во периодот што следува ќе се спроведат избори за претседатели на општинските комитети и нови раководства на партиските унии, со јасна визија за иднината и фокус на квалитет, одговорност и резултати.
„Во време кога опозицијата нема идеи и решенија, наш одговор е силна, обединета и модерна ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме по патот на обнова и подготовка за нови изборни победи, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски.




