Синиша Каран победник на повторените избори во Република Српска
09/02/2026 10:37
Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина ги објави прелиминарните резултати од повторените предвремени избори за претседател на Република Српска, според кои кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Синиша Каран, освоил 224.384 гласови (50,54%).
Според истите податоци, кандидатот на Српската демократска странка (СДС), Бранко Блануша, добил 213.513 гласови (48,09%).
Повтореното гласање се одржа на 136 гласачки места и опфати околу 85.000 избирачи, откако ЦИК утврди неправилности во првичното гласање од 23 ноември 2025 година.
По објавувањето на првичните бројки, СНСД претходно соопшти дека нивниот кандидат има предност и му упатија честитки партиски и политички функционери, додека од опозициската страна беа изнесени критики за изборниот процес.






