MKinformer

your daily dose of news

Вечерва почувствуван земјотрес во Скопје

10/02/2026 23:24

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, регистрираше земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала северозападно од Скопје на подрачјето на Косово, земјотресот во Македонија најмногу беше почувствуван во тетовскиот регион.

Според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот е регистриран на 10 февруари 2026 година во 22:05 часот (UTC), со епицентар на координати 42.144 северна географска ширина и 20.985 источна географска должина, на длабочина од околу 5 километри.

Епицентарот се наоѓа на околу 15 километри северно од Тетово. Граѓани од Тетово и околните населени места пријавиле дека потресот бил јасно почувствуван.

error: Содржината е заштитена од копирање !!