Официјално уапсен Саит Саитов во Белград, се бараше со меѓународна потерница од МВР
12/02/2026 11:03
Саит Саитов од Скопје е лишен од слобода во Белград, информираат надлежните служби. Апсењето се случило на 11 февруари 2026 година, откако српските органи постапиле по меѓународна потерница распишана од македонското Министерство за внатрешни работи.
Саитов се барал под сомнение за сторени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ како и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Станува збор за кривично-правен настан што се случил во Скопје на 9 февруари 2026 година.
Според информациите, на Саитов му е одреден екстрадициски притвор во Србија. Во следниот период ќе се спроведе постапка меѓу министерствата за правда на Македонија и Србија, со цел негово екстрадирање во земјава.
По завршување на екстрадициската процедура, тој ќе биде изведен пред надлежните органи во Македонија, каде ќе се води понатамошна постапка согласно законските прописи.




![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)

