MKinformer

your daily dose of news

„Вардарска долина“ станува прва географска ознака за македонските вина, нов идентитет на светската сцена

13/02/2026 17:24

Македонските вина наскоро ќе добијат нова и официјално призната идентичност. Првата географска ознака што ќе се најде на етикетите ќе биде „Вардарска долина“, што претставува значаен чекор кон валоризација на винските региони во земјата.

Северна Македонија е поделена на три главни вински региони и 16 вински области, а најголемиот „Повардарие“ опфаќа дури 87% од вкупните лозови насади и 90% од винариите во земјата. Токму овој регион ќе биде во фокусот на новиот систем за географска индикација.

Процесот го предводи новоформираната организација „Повардарски ВРВ“, која во наредниот период треба да стане овластено тело за управување со географската ознака. Нејзината улога ќе биде да обезбеди институционална рамка и контрола, гарантирајќи дека секое вино со ознака за потекло ги исполнува пропишаните стандарди за квалитет и репутација.

Извршната директорка на Вина на Македонија, Елена Младеновска-Јеленковиќ, посочува дека воспоставувањето на системот е повеќе од административна процедура.

„Системот за географска ознака не е само техничка процедура, туку визија. Идејата постоеше одамна, но вистински напредок направивме во последните години благодарение на заедничката работа на винариите и поддршката од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Со стандардите на Европската Унија, можеме да се сметаме за вистинска винска земја“, истакнува таа.

Во изминатите две и пол години интензивно се работи на воспоставување на Системот за географска ознака. Во април 2024 година беа усвоени значајни измени во Законот за вино, а винариите и лозарите веќе поминаа обуки за примена на новите стандарди.

Македонското винско производство бележи стабилен раст. Годинава се очекува производство од 90 до 100 милиони литри вино, што е просек на последната деценија. Најмалку 85% од производството е наменето за извоз.

Додека во 2005 година дури 92% од извозот бил наливно вино, денес околу една третина од македонското вино што се пласира на странските пазари е веќе флаширано. Овој тренд укажува на трансформација на секторот – од квантитет кон квалитет и градење препознатлив бренд на меѓународната сцена.

Со ознаката „Вардарска долина“, македонското вино добива нова можност за позиционирање како автентичен производ со јасно дефинирано потекло и вредност

error: Содржината е заштитена од копирање !!