Протести во Минхен против безбедносната конференција и војната
14/02/2026 17:13
Илјадници граѓани се собраа во Минхен на масовен протест против Минхенска безбедносна конференција, повикувајќи на итни мировни преговори и прекин на снабдувањето со оружје за вооружените сили на Украина.
Протестот е организиран од иницијатива која се спротивставува на безбедносната политика на НАТО, а во најавата се наведува дека тврдењата оти Русија подготвува напад врз Алијансата се користат како оправдување за засилено вооружување.
Собирот започна на Карлсплац во центарот на градот, по што демонстрантите тргнаа во марш кон обезбедената зона околу местото каде се одржува конференцијата. Според проценките на организаторите и полицијата, се очекуваат повеќе од 4.000 учесници.
Присутните носеа германско-руски „знамиња на пријателство“, палестински знамиња, како и транспаренти со пораки за мир и прекин на воената помош за Израел и Украина. Дел од учесниците најавија и симболично опколување на местото на конференцијата.
Организаторите ја обвинија владата на Германија дека води политика насочена кон ескалација на конфликтите, предупредувајќи дека таквиот пристап може да доведе до нова светска војна. Тие побараа Берлин, како што истакнаа, „да ја запре воената хистерија“ и да не шири, според нив, „дезинформации“ за беспилотни летала и саботажи.
Во меѓувреме, безбедносните служби распоредиле до 5.000 припадници од различни федерални покраини, како и од Австрија, со цел да се обезбеди јавниот ред и мир за време на протестот.






![ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО НА ТРАМП ЗА ПУТИН: Како Трамп од нема оружје за Украина стигна до испорака на ракетите „Патриот“ tramp[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp1.jpg)