MKinformer

your daily dose of news

Мицкоски се сретна со Зеленски во Минхен: Мирот мора да биде изграден врз правда

15/02/2026 11:49

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на 62-та Минхенска безбедносна конференција оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Како што објави Мицкоски на Фејсбук, на средбата се разговарало за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè – за праведен мир.

„Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда и почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа“, напиша Мицкоски.

Фокус и на економската соработка

Двајцата соговорници разговарале и за продлабочување на билатералната соработка, економската размена и поддршката во процесите на напредок на државите.

„Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба. Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир“, порача премиерот.

Низа билатерални средби во Минхен

На вториот ден од конференцијата, Мицкоски оствари средби и со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД за специјални мисии, како и со холандскиот премиер Дик Схоф.

Дополнително, тој се сретнал со Џаред Коен, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт „Голдман Сакс“, како и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

Минхенската конференција годинава се одржува во сенка на засилените безбедносни тензии во Европа и глобалните геополитички предизвици.

error: Содржината е заштитена од копирање !!