(Видео)Дете висеше и падна од жичaра во скијачкиот центар Јахорина во Босна
19/02/2026 12:11
Дете вчера паднало од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина, откако извесно време висело држејќи се за седиштето.
Видео од инцидентот, кое се прошири на социјалните мрежи, го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред да падне. Скијачи кои се нашле на падината под жичарата се обиделе да помогнат и да го ублажат падот.
Засега не е познато под кои околности дошло до инцидентот и како детето се нашло во таква ситуација.
Планинарската служба потврдила дека несреќата се случила, а повреденото дете е пренесено во болницата Болница „Србија“ – Источно Сараево, каде што е задржано на лекување.
Од здравствената установа засега нема официјални информации за тежината на повредите.
Надлежните институции се очекува да утврдат како дошло до несреќата и дали биле испочитувани безбедносните процедури на жичарата.






