MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајот кај првиот тунел на патот Скопје-Велес се одвива отежнато заради одрон

20/02/2026 14:38

Поради одрон, од утрово е изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Велес, пред првиот тунел, каде возилата се движат по една коловозна лента.

Според информациите од ЈП Македонија пат, на терен се работи на расчистување на одронот со цел што побрза нормализација на сообраќајот.

Надлежните служби апелираат до возачите да бидат особено внимателни, да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Засега нема информации за повредени лица или за поголеми материјални штети. Се очекува по завршување на интервенцијата сообраќајот целосно да се нормализира.

error: Содржината е заштитена од копирање !!