MKinformer

your daily dose of news

Одрон пред тунелот кај Катланово: Сообраќајот на автопатот Скопје–Велес се одвива по една лента

23/02/2026 22:08

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје–Велес, по излезот од Катланово, сообраќајот се одвива само по една коловозна лента, информира Автомото сојуз на Македонија.

Од таму апелираат до возачите да се движат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, особено на оваа делница каде што е воведена временска измена на режимот на сообраќај.

Информирани надлежните институции

Од Центар за управување со кризи соопштуваат дека случајот е пријавен во Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, како и во оперативниот центар на Министерство за внатрешни работи.

Надлежните служби се на терен и се очекува дополнителна проценка за целосно санирање на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат на зголемена претпазливост, особено во тунелските делови каде што постои ризик од дополнителни одрони.

error: Содржината е заштитена од копирање !!