MKinformer

your daily dose of news

Нормализиран сообраќајот на А1 Скопје – Велес по расчистување на одронот

19/02/2026 10:22

Сообраќајот на автопатот А1 Скопје – Велес е целосно нормализиран и се одвива во двете коловозни ленти, откако надлежните служби го расчистија одронот пред наплатната станица кај Велес, информираат од Авто мото сојуз на Македонија (АМСМ).

Одронот, поради кој ноќеска сообраќајот се одвиваше во една лента, е отстранет и патниот правец повторно е прооден без ограничувања.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои зголемен ризик од одрони.

Зголемена внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!