Панчевски со остри обвинувања: „Македонија е држава со двојни стандарди“
24/02/2026 21:40
Поранешниот претседател на Кривичниот суд и поранешен судија Владимир Панчевски преку објава на својот Фејсбук профил упати низа критики и обвинувања на адреса на актуелни функционери во правосудниот систем и политиката.
Во својата реакција, Панчевски наведува дека бил претседател на најголемиот Кривичен суд во државата и шеф на Одделот за организиран криминал, каде, како што посочува, судел предмети против лица осомничени за тешки кривични дела.
Тој тврди дека во притвор во Шутка бил „ставан и ваден три пати“, за што обвинува дека се случувало по налог на тогашниот премиер Зоран Заев, притоа нагласувајќи дека ниту еднаш не побарал посебна заштита или не се повикал на личната безбедност.
Во објавата поставува прашања поврзани со безбедноста на поранешниот вицепремиер Артан Груби, алудирајќи на, како што наведува, „двојни стандарди“ во институционалниот третман. Панчевски упатува и критики кон вршител на должност обвинителка, оценувајќи дека со одредени постапки ја компромитирала функцијата.
Објавата предизвика реакции на социјалните мрежи, додека засега нема официјален одговор од посочените лица или од надлежните институции.




![Во Дебар се предлага организирање на вoopyжени гpaѓански стpaжи policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)

