Настрада крава од стадото на „мисиците“ од Крива Паланка – Бугарски државјанин удрил во крава и побегнал
26/02/2026 21:45
Педесет и деветгодишен бугарски државјанин удрил со товарно возило во крава која се движела на регионалниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Жидилово.
Како што информираат од ОВР Крива Паланка, случајот бил пријавен вчера во 18:00 часот. Според полицијата, товарно моторно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С. (59) од Бугарија, удрило во домашното животно кое се движело по коловозот.
Од ударот кравата починала на местото на настанот.
По несреќата, возачот го напуштил местото со возилото, но по преземени полициски мерки бил пронајден. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Јулијана Ѓорѓиевски, една од сестрите сопственици на стадото прати соопштение до медиумите и фотографии во кое вели дека додека ги напасувале стадото крави во Крива Паланка била спроведена акција од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство со асистенција на МВР..
При акцијата животните беа собирани од паша и оттурнувани кон патните правци, што предизвика паника и неконтролирано движење на добитокот при што една крава барајќи го телето била удрена од товарно возило и усмртена.
За тоа Јулијана прати неколку фотографии каде се гледа усмртената крава и локни крв






