Девет годишно дете било сексуално напаствувано од роднина
28/02/2026 14:10
Во СВР Скопје на 26.02.2026 во 18:30 часот, 39-годишна жена од скопско пријавила дека на 19.02.2026 во семејниот дом, нивен роднина недозволено ја допирал и бакнувал нејзината деветгодишна ќерка.
Од полицијата информираат дека по пријавата се преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот.
Надлежните институции постапуваат согласно законските процедури, а по утврдување на сите околности ќе биде поднесена соодветна пријава.
Случајот е во фаза на истрага.

![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)



