MKinformer

your daily dose of news

Пукање во Чаир од возило во движење

02/03/2026 15:37

На 01 март 2026 година во 22:52 часот во СВР Скопје било пријавено пукање на подрачјето на Чаир во Скопје.

Според информациите, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Осум чаури подигнати од местото

По преземените мерки, полициските службеници од местото на настанот подигнале осум чаури. Се преземаат активности за утврдување на идентитетот на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за можните мотиви или за осомничени лица.

Истрагата е во тек.

error: Содржината е заштитена од копирање !!