MKinformer

your daily dose of news

Трајановски: Приватни средби на премиер со инвеститори отвораат посериозни прашања од тајни преговори за евроинтеграцијата на Македонија

17/08/2026 18:41

Приватни средби со инвеститори отвораат сериозни прашања за начинот на кој се води процесот за привлекување странски инвестиции, оценува Александар Трајановски од ГРОМ во објава на Фејсбук.

Тој се осврна на последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, според која во Белгија престојувал приватно со семејството, но таму одржал и средби со потенцијални инвеститори.

Трајановски вели дека помалку го загрижува можноста премиерот во Брисел да разговарал и за евроинтегративниот процес, а многу повеќе начинот на кој се одржуваат средбите со инвеститори.

„Државата не е приватна фирма“

За разлика од СДСМ, мене воопшто не би ми било чудно тоа ако премиерот Мицкоски во Брисел разговарал или преговарал за евроинтегративниот процес на Македонија. Па макар тоа го правел и далеку од очите на јавноста.

Впрочем, во минатото и Зоран Заев и Никола Димитров водеа разговори далеку од очите на јавноста за прашања кои подоцна имаа огромни последици за државата – од Преспанскиот договор и „Северна“, до Договорот за добрососедство со Бугарија. Знаеме каде нè доведоа тие процеси.
Искрено, не знам зошто токму тоа толку ги чуди во СДСМ.
Мене на пример, многу повеќе ме загрижува нешто друго од последната изјава на премиерот. Мицкоски вели дека во Белгија бил приватно со семејството, а таму се сретнал и одржал средби со потенцијални инвеститори.
Е тука веќе се отовараат сериозните прашања.
Ваков начин на комуникација со потенцијални инвеститори во Македонија немаше ни Зоран Заев.

Потсетување на претходниот модел за привлекување инвестиции

Во времето на Никола Груевски, пак, привлекувањето странски инвестиции беше организирано преку официјални делегации, роуд-шоуа, министри, економски промотори и луѓе задолжени токму за таа работа.

Кога потенцијален инвеститор ќе покажеше сериозен интерес, процесот продолжуваше низ Владата и надлежните институции – Агенцијата за странски инвестиции, ТИРЗ или ресорните министерства.

И така би требало да биде, порачува Трајановски.

Бара поголема транспарентност

Според него, секој поинаков формат на комуникација со потенцијални инвеститори создава сомнеж и фрла сенка врз целата постапка.

Тој смета дека јавноста треба да знае со кого се разговарало, за какви инвестиции станува збор и кои институции се вклучени во понатамошниот процес.

Трајановски заклучува дека приватни средби со инвеститори не смеат да оставаат впечаток дека државата се третира како приватна сопственост или како сопствена фирма.

error: Содржината е заштитена од копирање !!