Пензиите повторно ќе растат: Септемвриската пензија ќе биде повисока
17/08/2026 12:16
Септемвриската пензија ќе биде повисока, а зголемувањето ќе биде исплатено во октомври. Според најавите, овојпат покачувањето треба да биде процентуално и да зависи од висината на пензијата.
По неколкуте линеарни зголемувања во изминатиот период, следното усогласување треба да се пресметува поинаку.
Тоа значи дека пензионерите нема да добијат исто зголемување во денари. Повисоката пензија ќе значи и поголем износ на покачувањето.
Процентот сè уште не е познат
Точниот процент на усогласување сè уште не е официјално утврден.
За конечната пресметка треба да бидат познати релевантните економски показатели, по што ќе може да се утврди колку точно ќе се зголемат пензиите.
Новото усогласување треба да донесе дополнително зголемување на месечните примања на пензионерите.
Пензионерите го чекаат септември: Колку ќе изнесува новото усогласување на пензиите?
Претходно пензиите се зголемуваа линеарно
Во претходниот период пензиите се зголемуваа линеарно, односно за ист износ за сите пензионери.
Според податоците на Фондот на ПИОМ, од септември 2024 до март 2026 година вкупното линеарно зголемување изнесувало околу 7.000 денари месечно.
Со следното усогласување, моделот повторно се менува и зголемувањето ќе зависи од висината на пензијата.
Нема промена на старосната граница
Од Владата остануваат на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, нагласувајќи дека пензиската политика ќе продолжи без промена на условите за пензионирање.
Конечниот процент на усогласување допрва треба да биде познат, но најавата е дека септемвриската пензија ќе биде повисока и ќе биде исплатена во октомври.



