MKinformer

your daily dose of news

Угостителските услуги поскапеле за 3,2% во февруари

06/03/2026 20:43

Угостителските услуги во февруари бележат зголемување од 3,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците објавени од Државен завод за статистика.

Зголемување е регистрирано и во првите два месеца од годината. Во периодот јануари – февруари 2026 година, угостителските услуги се зголемени за 3,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Податоците на Државниот завод за статистика укажуваат на продолжување на трендот на постепено зголемување на цените во угостителскиот сектор, што се поврзува со растот на трошоците за работење, како што се цените на енергенсите, храната и работната сила.

error: Содржината е заштитена од копирање !!