Претежно облачно време со можен слаб дожд
08/03/2026 10:22
Времето денеска ќе биде претежно облачно и мирно, а во попладневните часови и во текот на ноќта постојат услови за слаби врнежи од дожд, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од -1 до 4 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 12 и 16 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени кратки сончеви периоди и можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, во понеделник претпладне ќе има променливо облачно време со повремени слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, со можност за појава на утринска магла по одделни котлини.




