MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со сончеви периоди, температура до 25 степени

18/05/2026 7:08

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во пограничните места ќе има услови за слаб локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максималната дневна ќе достигне меѓу 16 и 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 24 степени.

До крајот на неделата ќе има сонце, но и нестабилност

Од УХМР најавуваат дека ваквото променливо облачно време со сончеви периоди ќе се задржи до крајот на работната недела и на почетокот на викендот.

Во попладневните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност. Тоа ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и северозападен правец.

Ветерот ќе биде поизразен долж Повардарието.

Локално се можни и услови за невреме

Според синоптичарите, локално процесите може да бидат и поинтензивни.

Можно е невреме со пороен дожд, а на некои места да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен.

Се очекуваат и грмежи, како и засилен ветер кој на одделни места може да достигне брзина до 50 километри на час.

error: Содржината е заштитена од копирање !!