Владата го предложила Ненад Савески за нов државен јавен обвинител
10/03/2026 15:59
Владата на денешната седница го усвоила предлогот судијата Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител, пренесуваат повеќе медиуми. Официјално соопштение за одлуката сè уште нема.
Предлогот сега треба да биде испратен во Собранието, каде за избор на нов државен јавен обвинител е потребна поддршка од најмалку 61 пратеник.
Ненад Савески е поранешен јавен обвинител, а во моментов работи како судија во Кривичниот суд во Скопје, каде постапува по предмети поврзани со организиран криминал и корупција.
За функцијата државен јавен обвинител беа пријавени пет кандидати. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од нив: актуелната вршителка на должност Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ, како и судијата Ненад Савески.
Доколку биде избран во Собранието, Савески ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.



![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)


