Владата усвои три имиња за предлог кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права
14/01/2026 10:09
Влада на Република Македонија соопшти дека на вчерашната седница го усвоила предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во Европски суд за човекови права во Стразбур.
По усвојувањето на предлогот, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција, ќе продолжи со постапката за обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Совет на Европа, во однос на тоа дали предложените кандидати ги исполнуваат пропишаните критериуми.
Како кандидати се предложени професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошкова.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави конечната листа со тројца кандидати до Владата, по што таа ќе биде проследена до Парламентарно собрание на Советот на Европа, кое го врши изборот на судиите.
Владата на својата 141. седница била информирана и за досегашниот тек на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права. Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентирало информацијата за реализираните активности, согласно известувањето од Комисијата за избор.
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во ЕСЧП уште во ноември минатата година ги предложи Апостолски, Бошкова и Георгиевски за испраќање на нивните кандидатури на разгледување пред експертскиот панел на Советот на Европа.
Тогаш, претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, изјави дека одлуката е донесена врз основа на критериумите за висок морален углед, соодветни квалификации за судиска функција и признат правнички углед.






