Албанец со прострелна рана, пријавил дека бил повреден во сообраќајка
10/03/2026 16:34
25 годишен Албанец бил донесен со повреди во Општата градска болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, при што лекарите утврдиле дека станува збор за прострелна рана.
Според информациите, станува збор за 25-годишниот П.Ѓ., кој при приемот во болницата изјавил дека повредите ги здобил во сообраќајна незгода што се случила пред неколку дена.
Меѓутоа, по извршениот лекарски преглед, медицинскиот персонал утврдил дека повредата е од огнено оружје.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера во 15:13 часот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настанала повредата.

![Kpвaвa пpecтpeлka во Арачиново, игpaле и aвтoмати policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)




