MKinformer

your daily dose of news

Возел камион без возачка дозвола: 40-годишник приведен во Битола

12/03/2026 15:41

Приведен битолчанец откако управувал камион без возачка дозвола

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 12:41 часот на улицата „Довлеџик“ во Битола го лишиле од слобода А.П. (40) од селото Лавци, битолско.

Како што информираат надлежните, при сообраќајна контрола било сопрено товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот.

При проверката било утврдено дека тој го управувал камионот без да поседува важечка возачка дозвола.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!