MKinformer

your daily dose of news

Запален автомобилот што го управувал Курто Дудуш, нема повредени

17/03/2026 12:05

Автомобилот што го управувал градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, бил запален во текот на ноќта.

Според информациите, возилото е сопственост на неговата сопруга Фатима Османовска. Настанот се случил околу 3 часот по полноќ.

Пожарот бил подметнат

Неофицијално, постои снимка од подметнувањето на пожарот.

Според истите информации, сигурносни камери снимиле маскирано лице кое истурило течност врз автомобилот. Потоа возилото било запалено.

Случајот, како што се наведува, бил забележан и од сопствениците на автомобилот.

Нема повредени

Во инцидентот нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полицијата извршила увид

На местото бил извршен увид од полициски екипи.

Се очекува повеќе детали откако ќе завршат проверките и увидот за случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!