MKinformer

your daily dose of news

Кумановец почина зад волан, автомобил излета од патот кај Клечовце

23/03/2026 11:23

Трагична сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Клечовце и Шупљи Камен, во кумановскиот регион, каде животот го загубил 64-годишен возач од Куманово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 17:00 часот во СВР Куманово. Несреќата се случила на место викано „Кантон“, каде патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на настанот интервенирала Итна медицинска помош, при што лекар кај возачот констатирал смрт.

Во несреќата била повредена и сопатничката Л.Д. (57), кај која во Општата болница во Куманово биле констатирани телесни повреди.

Според нејзината изјава, на возачот му се слошило и изгубил свест непосредно пред возилото да излета од патот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!