MKinformer

your daily dose of news

Песков: Агресијата против Иран е опасна за сите

06/04/2026 14:47

Песков: Блискиот Исток е во пламен, тензиите ескалираат

Портпаролот на Кремљ предупреди дека негативните последици од агресијата против Иран се опасни и дека географијата на конфликтот се проширува. Тој коментираше и за инцидентот со експлозив кај гасоводот „Турски тек“ во Србија.

Регионот гори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат, оценувајќи дека целиот регион е „во пламен“. Тој ги коментираше заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран.

„Констатираме дека нивото на тензии во регионот продолжува да расте. Фактички, целиот регион е во пламен. Негативните последици од агресијата против Иран се опасни. Географијата на конфликтот се проширува и сега сите ги чувствуваме последиците“ изјави Песков, пренесува ТАСС.

Експлозив кај руски гасовод во Србија

Песков се осврна и на инцидентот во Србија, каде што е пронајден експлозив во близина на гасоводот што пренесува руски гас кон Унгарија. Тој нагласи дека експлозивот бил потенцијално многу опасен и изрази надеж дека Будимпешта и Белград ќе преземат соодветни мерки.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера свика итна седница на Советот за одбрана по откривањето на експлозивот во близина на гасоводот „Турски тек“. Орбан посочи дека Украина со години се обидува да ја отсече Европа од руските енергенси, но не го обвини директно Киев за конкретниот инцидент.

Киев ги отфрла обвинувањата

Украинското Министерство за надворешни работи ги отфрли сите обиди за поврзување на Киев со инцидентот.

Песков додаде дека засега не е јасно кој стои зад инцидентот, но потсети на претходни акти на саботажа врз критична инфраструктура од страна на Украина. Тој смета дека е многу веројатно да се откријат докази кои ќе водат во тој правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!