Повеќе улици во Карпош денеска ќе останат без вода
06/04/2026 10:40
Повеќе улици во Карпош денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Прекинот ќе почне од 12:50 часот.
Според најавата, поради промена на шибер со пречник од 100 милиметри на улицата „Струма“ бб.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Радика“, „Пелистерска“, „Струма“ и „Огражден“. Прекин во водоснабдувањето ќе има и на делови од улиците „Карпошево Востание“, „Манапо“ и „Илинденска“.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности. Засега не е соопштено кога точно ќе биде нормализирано водоснабдувањето.
Граѓаните од овој дел на Карпош треба да се подготват за неколкучасовен прекин. Според најавата, улици во Карпош денеска ќе останат без вода сè до завршување на интервенцијата.


