54 годишник се самозадоволувал пред својот 10 годишен син
15/04/2026 19:50
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 54-годишен маж од село Облаково, битолско, поради постоење на основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – „Задоволување полови страсти пред друг“ и „Прикажување порнографски материјал на дете“.
Како што информираат од Обвинителството, осомничениот во текот на 2025 и 2026 година, во семејната викенд куќа во селото Облаково, пред својот 10-годишен син прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал. Притоа, како што се наведува во наредбата, го наведувал детето да гледа и да се самозадоволува.
Против осомничениот се водат продолжени кривични дела по член 190 став 3 (Задоволување полови страсти пред друг) и член 193 став 1 (Прикажување порнографски материјал на дете) од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот е предложен поради опасност од бегство, како и поради можноста да влијае врз сведоците или да го повтори делото.
Истражната постапка е во тек. По нејзиното завршување, Обвинителството ќе подигне обвинителен акт.
Редакцијата на МК Информер ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и ќе ги објавува сите нови информации од надлежните институции.



![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)


