MKinformer

your daily dose of news

10 дена гори пожар во Арачиново, за реакција чекале да се прошири

16/04/2026 18:26

10 дена гори депонијата во Арачиново, институциите чекаат да се прошири пожарот?

Информација која ја отвора дилемата дали институциите воопшто функционираат или само формално постојат, пожар во село Арачиново гори веќе 10 дена, додека надлежните чекаат „нова пријава“ за негово ширење за да реагираат.

РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува. Во 21:55 часот остваривме контакт со БППЗ на Град Скопје во врска со пријавата за пожарот во с. Арачиново. Од страна на дежурниот бевме информирани дека пожарот е активен веќе 10 дена, а во моментот се чека нова пријава за негово ширење, по што би се пристапило кон повторно гасење. Се вели во информацијата од РЦУК.

Ова отвора сериозни прашања за логиката и одговорноста на институциите.

Додека депонијата тлее и испушта густ чад, жителите на Арачиново буквално се гушат. Загадувањето не останува локализирано, туку чадот веќе е до Скопје стасан, што значи дека проблемот не е само локален, туку регионален.

Во ваква ситуација, наместо превенција, институциите очигледно избираат пасивност.

Народната поговорка „подобро да се спречи отколку да се лечи“ очигледно не важи кога станува збор за заштита на здравјето на граѓаните. Наместо итна интервенција, се чека пожарот да се разгори за да стане „доволно сериозен“ за реакција.

Се поставува логично прашање, дали граѓаните треба да продолжат да го вдишуваат отровниот чад додека институциите чекаат формален повод за дејствување?
Ако пожарот не се прошири, туку само продолжи да тлее и да загадува, дали тоа значи дека нема да има никаква реакција?

Ова не е само прашање на неефикасност. Ова е прашање на одговорност, здравје и основно право на чист воздух.

error: Содржината е заштитена од копирање !!