MKinformer

your daily dose of news

Иран нападна американски бродови во Оманскиот Залив

20/04/2026 10:08

Иран нападна американски бродови во Оманскиот Залив, пренесуваат светските медиуми, откако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон повторно ескалираа.

Според објавените информации, нападите биле извршени со беспилотни летала. Засега нема извештаи за претрпена штета врз американските воени бродови.

Одговор по претходната американска акција

Како што објавува BBC NEWS. Новата ескалација доаѓа кратко време по операцијата на американската морнарица. Во таа акција беше запленет контејнерски брод под иранско знаме во истите води.

Токму тој потег, според иранската страна, бил повод за одговор. Со тоа, Иран нападна американски бродови во Оманскиот Залив во момент кога регионот веќе е под силен притисок.

САД заплени ирански брод во Оманскиот Залив

Техеран зборува за прекршување на прекинот на огнот

Централниот штаб „Катам ал-Анбија“, кој е највисока оперативна команда на Иран, ја оцени американската акција како грубо прекршување на договорот за прекин на огнот.

Од таму порачаа дека станува збор за, како што наведоа, акт на вооружена пиратерија. Воедно, најавија дека Иран ќе возврати на секое идно дејствување од овој тип.

Ново заострување во чувствителен регион

Оманскиот Залив и Ормутскиот Теснец остануваат меѓу најчувствителните точки на Блискиот Исток. Секој нов инцидент во ова подрачје веднаш ги зголемува стравувањата од поширока криза.

Во моментов, Иран нападна американски бродови во Оманскиот Залив е настан што дополнително ја зголемува неизвесноста околу следните потези на двете страни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!