МВР потврди – Тројца затрупани работници во Кисела Вода
24/04/2026 10:24
Тројца затрупани работници во Кисела Вода – ваква е потврдата од МВР за несреќата што се случи утрово на градилиште на улица „Козјак“. Во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Двајца од нив се извадени и со Итна помош пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Тројца затрупани работници Кисела Вода, а за третиот во моментов во координација со ЦУК и противпожарната бригада се преземаат мерки за негово вадење.
Затрупани градежни работници во Кисела Вода – спасувачка акција во тек
Од МВР велат дека увидот е во тек. За состојбата на повредените засега нема официјални информации. Следуваат нови детали на Mkinformer.






