Затрупани градежни работници во Кисела Вода – спасувачка акција во тек
24/04/2026 10:01
Затрупани градежни работници во Кисела Вода – вака изгледа утринава во скопската населба, каде најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал за време на ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.
Според неофицијални информации, еден од работниците е веќе изваден од под урнатините, додека останатите се длабоко затрупани, така што спасувачката акција е во тек. Затрупани градежни работници во Кисела Вода предизвикаа итна реакција на полиција, пожарна и итна медицинска помош.
Немилиот настан се случи зад кафулето „Фејс“, во непосредна близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот во моментот се наоѓаат амбулантни возила, полиција и пожарна бригада. Се очекува официјално соопштение од надлежните институции.
Следуваат повеќе детали на Mkinformer.






