Греењето во Скопје продолжува и на 1 и 2 мај поради ниските температури
30/04/2026 12:51
Грејната сезона во Скопје ќе продолжи и во следните два дена, односно на 1 и 2 мај. Ова го соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од РКЕ информираат дека се задолжени ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк, поранешна Топлана Скопје Север, да продолжат со испорака на топлинска енергија и по 30 април, кога официјално завршува грејната сезона.
Како причина за ваквата одлука, Комисијата ги наведува ниските температури што се очекуваат во следните денови. Одлуката е донесена по добиените петдневни податоци за среднодневната температура на воздухот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според РКЕ, мерката е во насока на обезбедување квалитетно снабдување со енергија и заштита на правата на потрошувачите. Од Комисијата посочуваат дека целта е да се одржат високи стандарди во исполнувањето на јавната услуга за снабдување со топлинска енергија за греење.
Со ова, скопјани ќе имаат греење и во првите два дена од мај, иако грејната сезона вообичаено завршува на 30 април.





