MKinformer

your daily dose of news

За осум часа санкционирани 113 мотоциклисти, еден возач приведен

03/05/2026 11:03

Во засилена акциска контрола на полицијата, спроведена во период од осум часа, санкционирани се вкупно 113 возачи на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли.

Најголем дел од прекршоците се однесувале на неносење заштитна кацига. За овој прекршок биле изречени 45 санкции.

Дополнително, 17 лица управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда. Четворица возачи биле санкционирани поради несоодветна категорија.

Во контролата биле откриени и три нерегистрирани мотоцикли. Полицијата информира дека за време на акцијата еден мотоциклист бил приведен поради безобѕирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Целта, според полицијата, е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на прекршоците кај возачите на мотоцикли и сродни возила.

error: Содржината е заштитена од копирање !!