MKinformer

your daily dose of news

Во очи Ѓурѓовден сакал да краде во црквата „Св. Георгиј“: Осомничениот се заглавил на оградата при бегство

06/05/2026 10:56
HPIM1284.JPG

Во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани вчеравечер бил пријавен обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект.

Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство. При обидот да избега, се заглавило на металната ограда околу храмот.

На местото на настанот интервенирале полициски службеници. Повикани биле и екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и Итната медицинска помош, за безбедно извлекување на лицето.

Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св. великомаченик Ѓорги Победоносец“. Настанот предизвика реакции и вознемиреност кај граѓаните.

Случајот се расчистува, а се очекуваат повеќе детали по завршување на постапката на надлежните институции.

error: Содржината е заштитена од копирање !!