MKinformer

your daily dose of news

Трагедија во Гостиварско: Вработен во „Комуналец“ загина при чистење одводен канал

17/06/2026 9:26

Вработен во „Комуналец“ загина при чистење одводен канал во атарот на селото Горно Јеловце, соопштија од СВР Тетово.

Според информациите од полицијата, на 15 јуни во 12:47 часот било пријавено дека во канал за вода се наоѓа починато лице. Полициски службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Се заглавил во еден од каналите

Според првичните информации, починатиот заедно со свои колеги дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води.

Во текот на работата, тој се заглавил во еден од каналите.

Телото е предадено на обдукција

Од каналот го извлекла екипа на Територијалната противпожарна единица – Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!